Connect with us

Фудбал

Капитенот Ристовски: Репрезентацијата е светост, треба сите да сонуваат да го облечат овој дрес

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Стефан Ристовски, во пресрет на пријателскиот меч со Финска кој се игра утре во Скопје во 18 часот, порача дека ниту на пријателски меч не треба да се бара алиби, туку треба да се дава максимумот. Тој вели дека репрезентацијата е светост и за нејзиниот дрес сите треба да сонуваат.

„Дали чувствуваме замор од сезоната? Да, особено јас во Динамо имав многу натпревари почнувајќи од јуни. Но, можеби за некои играчи кои имаат слаба минутажа ќе дојдат добро. Не треба да бараме алиби, треба сите да сонуваат да играат за репрезентацијата која е светост. Овие два натпревари треба да ги одработиме на најпрофесионален начин и верувам дека тоа ќе го направиме.

„Приоритет на секој играч е да се победи, особено кога се игра за репрезентацијата. Не познавам некој играч кои сака само да впише минутажа. Без разлика на минатите резултати, секој меч ни е добродојден и низ вакви натпревари да се крене самодовербата. Многу е лесно да се изгуби самодоверба, но тешко е да ја добиеш. Затоа се потребни вакви натпревари, вели Ристовски.