Connect with us

Фудбал

Караница во Наполи, Де Лаурентис нареди казна за фудбалерите

Никој не очекуваше слаб старт на Наполи во Серие А. Во ЛШ се на врвот на табелата и доколку вечерва го совладаат Салцбург, има шанси уште сега да обезбедат осминафинале. Сепак, во домашното првенство тие се на 7.место со 18 освоени бодови од 11 кола.

Позицијата на тренерот Карло Анчелоти е сигурна, барем засега, но првиот човек на тимот Де Лаурентис, го загуби трпението. Како што пишуваат италијанските медиуми, тој наредил казнен карантин за фудбалерите цела недела.

Играчите се побуниле, но тој останува на одлуката. Вечерва играат против Салцбург, во сабота против Џенова, а дури по тој меч ќе можат да го напуштат тренинг центарот и да заминат на репрезентативна пауза.

-Мора да се запознаат подобро, да не играат добро само против Ливерпул и силните екипи, изјави Де Лаурентис.

Од друга страна, тренерот Анчелоти не се согласува.

-Апсолутно сум против ваквиот пристап, но не можам ништо, јас сум само тренер, претседателот и клубот носат одлуки, вели Анчелоти.