Кошарка
Кари може да се врати за првиот меч со Њу Орлеанс
Плејмејкерот на Голден Стејт Стеф Кари ги обновил целосно тренинзите и може да се врати во игра уште на првиот натпревар со Њу Орлеанс од вториот круг на плејофот во НБА, кој се игра во сабота.
Двократниот освојувач на наградата „МВП“ на регуларната сезона учествуваше на тренинг на тимот во четвртокот, носејќи посебна заштита на левото колено. Поради повредата, лидерот на „воините“ нема играно од 23 март наваму и го пропушти првиот круг на плејофот, во кој неговите соиграчи победија со 4:1 против Сан Антонио.
– Стеф тренира на 100 проценти, направи се што требаше и изгледаше добро, изјави тренерот Стив Кер по завршувањето на тренингот.
Тој додаде дека ќе почека во текот на денешниот ден за да донесе конечна одлука за статусот на својот најважен играч за натпреварот број еден од серијата против „пеликаните“.