Connect with us

Фудбал

Кариус заминува на позајмица во Бешикташ

Германскиот голман Лорис Кариус кариерата ќе ја продолжи во Турција.

Кариус имаше тешка сезона во Ливерпул затоа што има катастрофални грешки во финалето на голот на Ливерпул против Реал Мадрид, а неговите не така добри партии го натераа Јирген Клоп да го доведе Алисон Бекер од Рома и да го направи најскапиот голман на светот.

Кога стигна Алисон, беше јасно дека Криус ќе може да си бара нов клуб, со оглед на тоа дека „Редсите“ имаат уште неколку голмани на клупата.

Како што јавуваат англиските медиуми, Германецот сега е на чекор кон премин во редовите на турски Бешикташ и најверојатно таму ќе ја помине следната сезона како позајмен член на Ливерпул.