Connect with us

Кошарка

Карпош Соколи ги доби противниците во Еврокупот

Mакедонскиот кошаркарски вицепрвак Карпош Соколи денеска ги доби ривалите во групната фаза од Еврокупот.

„Соколите“ не успеаја да обезбедат пласман во втората квалификациска рунда од Лигата на шампиони по што автоматски се пласираа во второто по квалитет клупско ФИБА натпреварување.

Карпош Соколи ќе игра во група Х од Еврокупот заедно со: Солнок, Нижњи Новгород и Фалко Вулкано.

Првиот натпревар се игра за четири дена, на гостински терен кај Солнок во Унгарија.