Connect with us

Фудбал

Казахстан со нова победа стигна до второто место во најнеизвесната група

Фудбалската репрезентација на Казахстан на домашен терен ја победи Северна Ирска со 1:0 во натпреварот од шестото коло од групата Х за пласман на Европското првенство. Казахстанците на тој начин продолжија со одличните настапи во евроквалификациите во кои во шест одиграни натпревари имаат четири победи и два порази.

Загубија од Словенија со 2:1 на стартот од квалификациите и од Финска со 1:0 во последното коло. Интересно, двата порази беа на домашен терен. Затоа го победија првиот фаворит во групата – Данска. По натпреварот против Северна Ирска, Казахстанците се на второто место во групата. Тие никогаш не се квалификуваа за големо натпреварување.

Финска и Данска и Словенија и Сан Марино играат и денеска. Групата Х е најнеизвесна во овие квалификации, а четири репрезентации имаат легитимни шанси за првото место. Северна Ирска и Сан Марино веќе испаднаа од трката за ЕП.