Connect with us

Фудбал

Казна за Албанија од страна на УЕФА

УЕФА ја казни Албанската фудбалска федерација затоа што нејзините навивачи пред квалификацискиот натпревар за ЕУРО 2020 против Франција (0:2) ја исвиркаа химната на „триколорите“. Албанија за овој инцидент треба да плати казна од пет илјади евра.

Инцидентот се случил на 17 ноември во Тирана.

Претходно, во Париз се одржа натпревар меѓу двете репрезентации. Пред тој дуел, најавувачот по грешка ја пушти химната на Андора наместо албанската, а при извинувањето земјата ја именуваше со Ерменија. За овој инцидент Франција е казнета со 20 илјади евра.