Connect with us

Други спортови

Казна за Верстапен!

Трикратниот шампион во Формула 1, возачот на Ред Бул, Макс Верстапен денеска беше казнет со додавање 10 позиции на својот резултат од квалификациите за Големата награда на Белгија.

Верстапен беше казнет откако неговиот тим по петти пат го смени моторот во неговиот болид пред денешниот тренинг.

Квалификациите се на програмата во сабота од 16:00 часот.

Верстапен води во шампионатот со 265 бодови, пред возачот на Мекларен Ландо Норис кој има 189.

Верстапен беше прв на првиот тренинг денеска, а Норис најбрз на вториот тренинг.

Трката за Големата награда на Белгија се вози во недела од 15 часот.