Connect with us

Фудбал

Казорла се враќа кај што ја започна неговата кариера…

Голема е веројатноста дека по пауза од неколку сезони, шпанскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Санти Казорла, повторно ќе го облече дресот на Вилјареал.

Одличниот играч за врска се уште се рехабилитира од последната повреда, но се погласни се информациите дека Казорла сака повторно да го носи дресот на популарната “жолта подморница”.

Најавениот трансфер ќе биде реализиран само доколку официјалната понуда за повремениот репрезентативец на Шпанија не биде помала од 15 мил. евра.