Connect with us

SPORTM.mk

Ќе горат трибините во Неапол, Осимен се враќа сите погледи кон италијанското дерби!

Лигата на шампионите продолжува, а се уште е отворено во двата дуели кои се на програмата од 21 часот. Првите полуфиналисти ќе ги добиеме по реваншот од четвртфиналето.

Дуелите се играат во Лондон на Стемфорд Бриџ и во Неапол на стадионот „Диего Армандо Марадона“, а на мечот меѓу Челзи и Реал на „сините“ и Френк Лампард им е потребна сензација за да се пласираат понатаму. Во италијанскиот дуел сепак се е целосно отворено.

Наполи веќе практично ја освои титулата во Серија А и може целосно да се посвети на натпреварувањето во Лигата на шампионите. Сепак, во последниот натпревар Милан победи со 1:0, а јасно беше какви проблеми имаат Наполитанците во нападот. Виктор Осимене и Џовани Симеоне поради повреди беа надвор од натпреварот, а Џакомо Распадори не беше подготвен во текот на цели 90 минути. Сега се очекува брилијантниот Нигериец да стартува во шпицот, а Распадори најверојатно да го замени во текот на мечот, па Наполи таму да биде многу посилен отколку на Сан Сиро. Сепак, тие имаа проблем во центарот на теренот, бидејќи стоперот Ким и дефанзивниот играч за врска Замбо-Ангиса нема да можат да настапат поради картон. Најверојатно ќе бидат заменети со Бразилецот Хуан Жесус во одбраната и Станислав Лоботка во средниот ред.

 

Што се однесува до Милан, тимот на Пиоли по секоја цена ќе се обиде да ја зачува гол предноста. Неодамна го победија Наполи со 4:0 во лигата и тоа им дава надеж дека и овде можат да одат понатаму. Ќе останат без Златан Ибрахимовиќ, но тоа нема да им биде проблем бидејќи сезонава веќе се навикнати да живеат без него.