Connect with us

Фудбал

Ќе има ли нов Манчестер Сити, богатиот принц од Саудиска Арабија сака да го купи Манчестер Јунајтед

Саудискиот принц Мохамед бин Салман сака да стане нов сопственик на Манчестер Јунајтед. Пред година ипол тој им понудил на сопствениците на Јунајтед 4,17 милијарди евра, но бараќата Глазер ја одбиле понудата.

Сепак, според медиумите, саудискиот принц не се откажува од намерата. Ќе се обиде повторно, со нова понуда да ги купи „Црвените ѓаволи“, пишува „Мирор“.

Малком Глазер го купи Јунајтед во 2005-та година за 940 милиони евра, а доколку се случи продажба тие ќе заработат неколку пати повеќе.

Саудискиот принц има резервна опција. Доколку не го купи Манчестер Јунајтед, тогаш со 400 милиони евра ќе се обиде да стане сопственик на Њукасл.