Connect with us

Фудбал

Кејн: Ќе биде „жешко“ во Белград

Вечерва Црвена Звезда на домашен терен го пречекува Тотенхем во рамките од четвртото коло од групната фаза од Лигата на шампионите.

Капитенот на Тотенхем, Хари Кејн ги сподели очекувањата за мечот со Црвена звезда во Лигата на шампионите на стадионот „Рајко Митиќ“.

– Атмосферата во Белград ќе биде многу жешка и непријателска. Но, штом ќе влеземе на теренот, ќе мора да се фокусираме на себеси и да сториме се што е во наша моќ за да победиме на овој натпревар, рече Кејн.

Средбата се игра со почеток во 21 часот.