Connect with us

Фудбал

Келн последни во Бундеслигата со 1 постигнат гол, решение е Пизаро

Бундеслигашот Келн сака во своите редови да го донесе ветеранот Клаудио Пизаро кој во моментов е без ангажман.

Во Келн се свесни дека 38-годишниот Перуанец нема да постигнува голови како во своите најдобри години, но веруваат дека негово искуство може да биде драгоцено за тимот и да донесе добри нешта.

Германските медиуми очекуваат Пизаро и Келн брзо да најдат заеднички јазик околу нивната соработка со оглед на тоа што перуанскиот интернационалец нема големи финансиски барања.

Пизаро минатото лето остана без професионален ангажман откако не го продолжи договорот со Вердер Бремен.

Тој е еден од најдобрите странци што играле во Германското фудбалско првенство додека беше член на Вердер и на Баерн Минхен. Во Европа настапуваше и за Челзи.