Connect with us

Други спортови

Киднаперот на дедото на Јелена Ѓоковиќ осуден на 10 години затвор

Бранислав Матиќ (37) е осуден денеска на 10 години затвор поради киднапирање на Милосав Радисављевиќ (81), дедото на Jелена Ѓоковиќ, кое се случило во јули лани во Љиг, објавија белградските медиуми, пренесува „Политика“.

Пресудата е донесена пред Високиот суд во Ваљево, а второобвинетиот Драган Јериниќ е ослободен од обвинението, пренесува „Танјуг“.

Матиќ и Јериниќ се обвинети дека го киднапирале Радисављевиќ, го врзале за бандера во нивата и преку телефон барале откуп од семејството на сопругата на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

Радисављевиќ бил пронајден во поле со пченка врзан со лисици за бетонска бандера од каде што повикувал напомош, а го пронашол директорот на Комуналното претпријатие Владимир Стајиќ.

Киднаперот барал милион евра за откуп, а идејата да го киднапираат дедото на сопругата на Ѓоковиќ ја добил во текот на издржувањето на претходната казна од пет години затвор поради разбоjништво.

Матиќ во затворот гледал една емисија во која гостувала Јелена Ѓоковиќ и која, помеѓу другото, зборувала за својот дедо.

Радосављевиќ ѝ раскажал на полицијата дека во неговата куќа влегле двајца маскирани разбојници кои од паричникот му украле околу 26.000 динари и мобилен телефон, а потоа го изнеле од куќата и го врзале за бандерата која се наоѓала во близина.

Матиќ од порано им е познат на истражните органи, а е осудуван на вкупно 14 години затвор поради разбојништво, тешки кражби и недозволено поседување на оружје.