Connect with us

Фудбал

Киднапиран фудбалер среде натпревар: Колегите бегаа и се криеја, знаејќи една тајна (ВИДЕО)

Неверојатна сцена на фудбалски натпревар во Италија, поточно во шампионатот на Катанија помеѓу екипите на Виагранде и Неброди. Домаќинот и организатор на овој меч смисли интересен и оригинален начин да го „пензионира“ 55-годишниот играч Игнасио Барбагаљо.

Додека играчите се спремаа да истрчаат, хеликоптер се спушти на теренот, од него излегоа двајца маскирани вооружени луѓе и го киднапираа Игнасио, додека другите фудбалери добро одглумија. Бегаа во соблекувалната или се криеја зад резервната клупа.

„Криминалците“ го качија Игнасио во хеликоптер и го однесоа во непознат правец. Како на филм!

Само што сите играчи на Виагранде знаеја за акцијата, а само Игнасио и противничките не.

Оваа сцена не им се допадна на раководните луѓе на локалниот фудбалски сојуз и го казни клубот со 200 евра и натпревари без публика до 31 мај 2019.