Connect with us

Фудбал

Кинеска дисциплина: Суспензија за Канаваро, ќе мора да оди во училиште

Иако засега никој не ги знае вистинските причини, сепак клубот Гванжу Евергранде потврди дека го суспендирал тренерот Фабио Канаваро.

Тој е испратен на одмор, а ќе мора да оди во „училиште за корпоративна култура“.

Клубот потврди дека Канаваро ќе запише курс за кинеска коорпоративна култура, пред да се врати на работа, но причините не ги открија.

Во меѓувреме, привремено ќе го замени Женг Жи.

Во моментов Гванжу е лидер на табелата, Канаваро е втора сезона по ред тренер на оваа екипа, а годишно заработува 12 милиони евра.