Connect with us

Фудбал

Кинези му понудиле на Лацио 70 милиони евра за Имобиле

Калчолигашот Лацио добил понуда вредна 70 милиони евра за напаѓачот Чиро Имобиле кој игра во извонредна форма оваа сезона, објавија италијанските медиуми.

Имобиле на десетте одиграни натпревари сезонава во Серија А веќе има постигнато 13 гола и со тоа го привлече вниманието на многу екипи, меѓу нив и на кинески Шангај СИПГ која ја испрати понудата до римскиот клуб.

Кинезите сакаат во зимскиот преоден рок да го ангажираат Имобиле на кого се подготвени да му ја зголемат речиси за двојно годишната плата од сегашните три милиони на 6,5 милиони евра доколку премине во нивниот клуб.

Останува да се види дали Лацио ќе го продади, во моментов својот најдобар фудбалер.