Connect with us

Фудбал

Кинезите упорни, на ѕвездата на Наполи и нудат огромна сума на пари

Хосе Каљехон во 2013 година од Реал Мадрид пристигна во Наполи. Стана еден од најдобрите играчи во клубот. На почетокот на оваа сезона никој не можеше да претпостави дека веќе во јануари би можел да замине.

Сепак, поради добро познатата наелектирзирана состојба во Наполи, неколку играчи ќе ја променат средината, а меѓу нив е и Каљехон.

Кинескиот тим Далијан Јифанг, чиј тренер е Рафа Бенитез, му понуди договор на Каљехон, тежок неверојатни 10 милиони евра по сезона. Во зимскиот преоден рок, кинескиот тим на Наполи ќе му понуди 15 милиони евра, а веројатноста Де Лаурентис да ја прифати понудата е голема, бидејќи во јуни Каљехон може да замине за без пари.