Поврзи се со нас

Фудбал

Кјелини одбива да зборува за Суарез: Пирло кажа сè

Дефанзивецот на Јувентус, Џорџо Кјелини, зборуваше по враќањето на теренот во интервју за „Скај Спорт“. Тој раскажува за страдањата што ги помина минатата сезона додека беше повреден.

„Беше тешка година и лично се надевам дека завршив со повредите. Она што се надевам за новата сезона е да бидам подготвен да му помогнам на мојот тим и да не се повредам. Ќе биде тежок и чуден шампионат, бидејќи сè уште има последици од карантинот од пред неколку месеци“.

„Како и да е, ние сме во одлична форма и едвај чекаме да го започнеме шампионатот. Суарез? „Пирло кажа сè, така што немам што да додадам“, заклучи Кјелини.

Advertisement

Facebook

Реклама