Connect with us

Тајмаут

Климатските активисти ја уништија вилата на Меси вредна 10 милиони евра, јавно се пофалија со снимката (ВИДЕО)

Вилата на најдобриот фудбалер на сите времиња Лионел Меси на Ибица беше цел на вандали, односно климатски активисти кои ја уништија. Британските медиуми ја нарекоа групата Futuro Vegetal (Иднината на зеленчукот) „еко-мафија“, а тие самите објавија видео на кое се гледаат двајца нивни членови како стојат пред вила и држат транспарент на кој пишува: „Помогнете ѝ на планетата – јадете богати – укинете полицијата.”

Активисти ја испрскаа белата фасада на вилата на Меси со црвена и црна боја, а тоа го објавија и на Твитер.

„Ја исшаравме вилата на Меси на Ибица. Вилата е дивоградба која фудбалерот ја набавил за неверојатна сума од 10 милиони евра“, напиша групата активисти.

„Додека екстремната десница ги обвинува имигрантите за кризата и покажува екстремно насилство врз нив, луѓето како нас кои се борат за подобар свет јасно разбираат дека проблемот е социјалната нееднаквост“, додаваат тие, обвинувајќи ги богатите за недостаток на одговор на климата.