Connect with us

Фудбал

Клоп донесе одлука, раководството на Ливерпул му даде целосна поддршка

Управата на Ливерпул се согласува со тренерот Јирген Клоп, во врска со повторениот натпревар во ФА Купот со Шрусбери.

– Клубот ја поддржува позицијата на Клоп во однос на учеството на младинскиот тим во натпреварот за време на зимската пауза, воведена од Премиер лигата, е ставот на раководството на Ливерпул.

За потсетување, во првиот натпревар Ливерпул одигра 2:2 со Шрусбери. Новиот меѓусебен дуел е закажан за 4 февруари.