Connect with us

Фудбал

Клоп го „брка“ Ливерпул од 1980-та, но и Челзи

Ливерпул годинава освои три трофеји. Лигата на шампионите, УЕФА Суперкупот, но и Светското клупско првенство. Стана англиски клуб со најмногу трофеји, но Јурген Клоп и неговиот тим „бркаат“ уште еден рекорд.

Имено, доколку продолжи вака може да ја заврши сезоната без пораз, иако сезоната е долга. Но, со оглед на тоа како игра пред своите навивачи, можно е да го сруши рекордот на Челзи без пораз пред својата публика.

Челзи во 2008 имаше 64 победи и 24 нерешени средби, кога беше прекината серијата без порази на домашен терен. Ливерпул од 1980-та имаше 49 победи и 14 нерешени, а Ливерпул на Јурген Клоп во моментов има 39 победи и 10 нерешени средби.