Connect with us

Фудбал

Клоп искрен: Не заслуживме да победиме

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп со очигледна смиреност го однесе ремито 1-1 на гостувањето кај Лутон Таун. Според него, резултатот е праведен со оглед на настапите на двете екипи.

„Честитки за Лутон за начинот на кој се бранеа и за начинот на кој играа. Имавме многу шанси и требаше да имаме многу повеќе. Голманот направи неколку одбрани, но не премногу од непосредна близина. Тешка задача е да се остане целосно фокусиран. Мислам дека во првото полувреме најголемите шанси имаа пред Рајан Гравенберч и Диого Јота. Во тие моменти не бевме доволно прецизни, не убедливи за да ја одведеме играта во друга насока. Ако ја погледнете играта, не заслуживме повеќе од бод. Можевме да го добиеме натпреварот и требаше, но со сите шанси што ги пропуштивме и не создадовме, тоа беше резултатот што го заслуживме и резултатот што го заслужи и Лутон“, рече Клоп.

Врв на натпреварот беше израмнувачкиот гол на Луис Дијаз, кој му го посвети на својот татко, кој беше киднапиран и се уште не е ослободен од НОВ.

„Ова е прекрасен момент за Луис, но голот не ја менува ситуацијата. Најважно е татко му да биде ослободен. Прекрасно е, прекрасно е што сакаше да биде тука и да игра. Но, тоа е се. Постигна супер важен гол и за нас и за себе. Секогаш може да прави такво нешто кога е на теренот, секогаш е вклучен во посебни работи. Така да, знаевме дека тој ќе биде закана. Не знаевме точно колку долго може да игра бидејќи имаше само неколку тренинзи со тимот. Во ред е, не е тоа поентата. Тој постигна гол, што е одлично, но сепак ми треба подобрување на ситуацијата во Колумбија“, додаде Германецот.