Connect with us

Фудбал

Клоп му се извини на Сари: Не ги играм тие игри

Јурген Клоп му се извини на Маурицио Сари за коментарот кој го даде за резултатите на Јувентус оваа сезона. Како што вели, немал намера со тоа да врши некаков притисок врз неговиот колега.

-Не ги играм тие игри, изјави Клоп три дена откако Сари ги нарече смешни неговите претходни изјави.

-Некогаш не размислувам пред да кажам нешто и потоа ќе се случи тоа. Реков дека не знам зошто Јуве нема десет бодови предност на табелата, а потоа го гледав мечот Лацио – Интер, веројатно тоа е причината, изјави Клоп.

Инаку, пред три дена Клоп рече дека со оглед на тоа каков состав има, Јувентус би требало да има најмалку десет бодови предност во однос на конкурентите во Серие А.

-Овие два тима се причината. Интер повторно е тука и „пука“ од се што има, а Лацио ја игра сезоната од соништата. Значи, ќе биде неизвесно до крај, вели Клоп.