Connect with us

Фудбал

Клоп нуди 60 милиони за напаѓач од Лајпциг, Салах-Фирмино-Мане, кој заминува?

Ливерпул, како што стојат работите во моментот, на крајот на сезоната, конечно, ќе дочека шампионска прослава во Премиер лигата. „Црвените“ не знаат за пораз во досегашните 22 одиграни меча, од вкупно 66 бода загубија само два и имаат дури 16 повеќе од Манчестер сити на второто место.

Но, менаџерот Јирген Клоп веќе размислува за освежување на тимот за наредната сезона. Има фантастично напаѓачко трио во Салах-Мане-Фирмињо, но фрли око и на првиот стрелец во Бундеслигата, Тимо Вернер за кого на Лајпциг е подготвен да му понуди 60 милиони евра.

Клоп е воодушевен од неговите изданија и ќе инсистира на негов ангажман во летниот преоден рок. Најдобра препорака за тоа се 23-те гола и 10-те асистенции во 25 меча за Лајпциг во тековната сезона. Има 23 години и веќе настапи во 29 натпревари за германската репрезентација во кои постигна 11 гола.

Веќе подолго време се пишува дека по крајот на сезоната, можно е да заминат или Мухамед Салах или Садио Мане. За двајцата има голем интерес особено од шпанските гиганти Барселона  и Реал Мадрид.