Connect with us

Тајмаут

Клоп: Пиво пијам само кога победуваме на гости, ми забранија алкохол минатата година

Клоп не ја криеше радоста по неверојатниот пресврт на Ливерпул во второто полувреме и го победи Вулверхемптон со 3-1. Тоа е втор триумф на гости со пресврт по оној во Њукасл, потврда за одличниот старт на сезоната за „црвените“ кои имаат 13 од можни 15 бода.

Клоп во изјавата по натпреварот откри дека си ветил дека може да пие пиво само кога тимот ќе победи на гостувањето кај Енфилд, што е голема промена од минатата сезона кога Ливерпул играше далеку под своите можности.

„Многу сум подобар, многу подобар од минатата година. Знаете, пиво пијам само кога победуваме надвор од дома. За малку ќе станав антиалкохоличар минатата година. Така што тоа многу повеќе ми одговара, да победувам и да пијам пиво“, прокоментира Клоп.

Потоа се осврна на развојот на теренот и двете сосема различни полувремиња на неговиот тим.

„Во првото полувреме бевме многу сиромашни, Волвс ни направи многу проблеми. Во вториот дел ги контролиравме работите, го свртевме резултатот во наша корист и заслужено победивме. Неколку пати потенцирам, ова е значително променет тим, почнуваме нешто од нула, секако дека ќе има падови и добри моменти на натпреварите, но најважно е да победуваме што почесто“, изјави Јирген Клоп.

Advertisement