Connect with us

Фудбал

Клоп се израмни со Гвардиола

Наградата менаџер на месецот декември во Премиер лигата му припадна на Јирген Клоп, кој ја освои наградата веќе трет месец по ред и по четврти пат од почетокот на сезоната. На овој начин, Германецот го израмни рекордот на Пеп Гвардиола за најмногу први места во една сезона. Шпанецот го забележа истото достигнување во сезоната 2017/18, но Клоп пред себе има скоро половина кампања за подобрување на тој рекорд.

Десниот бек на Ливерпул, Трент Александар-Арнолд, ја освои наградата играч на месецот на Премиер лигата за декември. Тоа е прва ваква награда за англискиот репрезентативец, кој постигна гол, три асистенции и неговиот тим забележа три чисти мрежи на пет натпревари во Премиер лигата во декември. Александар-Арнолд, исто така, му помогна на тимот од Мерсисајд да го освои својот прв трофеј во Светското клупско првенство.

Втор последователен месец, играч на Ливерпул ја освои наградата, откако во ноември таа беше освоена од Садио Мане.