Connect with us

Фудбал

Клоп со новиот договор зад Гвардиола, а пред Мурињо

Јурген Клоп потпиша нов договор со Ливерпул со кој се обврзува да остане на „Енфилд“ до 2024 година. Англискиот портал „Сан“ објави информација во која тврди дека според новиот договор Германецот ќе добие двојно поголема плата.

Клоп до сега добиваше 8 милиони евра годишно, а според новиот договор тој ќе добива 15 милиони фунти, или безмалку 18 милиони евра.

Тоа го става на второто место на листата на најплатени тренери во моментов, зад Гвардиола со 23 милиони евра и пред Жозе Мурињо со 17,5 милиони евра.

Сега, тројцата најплатени тренери во светот работат во Премиер лигата, Гвардиола – Манчестер Сити, Јурген Клоп – Ливерпул и Жозе Мурињо-Тотенхем.