Connect with us

Фудбал

Клоп за фудбалерите на Ливерпул: Би им ги дал децата да ми ги чуваат, постари се од моите играчи

На тренерот на Ливерпул Јурген Клоп му снемува зборови во обидите да ги опише каква и колкава доверба има во своите избраници по сите успеси кои ги редат оваа година. Во средата вечер со головите на Салах и Чембрлејн славеа против Вест Хем и се „одлепија“ 19 бодови во однос на Манчестер сити.

По мечот, Клоп со убави зборови.

-Толку многу им верувам на овие момчиња…Па, би им ги дал своите деца да се грижат за нив. Толку многу им верувам, но секако прават грешки, смешни, но тоа нема врска со мотивацијата, туку со концентрацијата. Многу е тешко постојано да останете концентрирани, изјави Клоп.

На прашањето од новинарите, колкави деца има, одговори со насмевка.

-Постари се од моите играчи, затоа би им ги дал на чување, изјави Клоп низ смеа.