Connect with us

Фудбал

Клоп: Зошто не му го постават ова прашање на Гвардиола?

Тренерот на Ливерпул е уморен од одговарање на прашањата за неговата иднина.

Германецот е на чело на „црвените“ од 2015 година, а неговиот договор е до 2024 година.

Запрашан каде се гледа за четири години, Клоп одговори:

„Многу луѓе ми го поставуваат ова прашање. Не сум чул некој да го праша Гвардиола за ова, иако неговиот договор истекува следната година, а јас имам уште четири години, што се чини како вечност во фудбалот“.

„Многу работи можат да се случат во ова време. Мислам дека по четири години ќе размислувам дали ќе останам или не. Ако не останам, ќе одам на одмор“.

„Кога ќе го напуштам Ливерпул, нема да најдам друга работа веднаш. Тоа е сигурно. Ќе паузирам една година по Ливерпул“, рече Клоп