Фудбал
Кога е за без пари, тука е Јуве, доаѓа „дете“ на Реал Мадрид?!
Фудбалска Шпанија беше шокирана пред неколку дена. Тамошните медиуми објавија дека Барселона е блиску до договор со Марко Асенсио, дете на Реал, кој како слободен играч би се преселил во Каталонија.
Оттогаш тие наводи се демантирани, но тоа не го менува фактот дека 26-годишниот фудбалер ужива во интересот на големите клубови, а не само во Шпанија.
Асенсио минатата сезона имаше епизодна улога во тимот на Анчелоти, додека оваа сезона неговата минутажа е уште помала. Асенсио одигра само 11 минути во Ла Лига и 36 минути во Лигата на шампионите, каде постигна еден гол. Јасно е дека офанзивецот не е блиску до крајот на кариерата, но му треба тим во кој ќе игра редовно.
Може да биде Јувентус!
Италијанските медиуми пренесуваат дека „бјанконерите“ со голем интерес ја следат ситуацијата околу Шпанецот, носењето слободни играчи е нивна специјалност. Со оглед на тоа што Ди Марија најверојатно ќе остане само една сезона во Торино, се отвора позиција во нападот. Можеби Асенсио ќе биде тој што ќе го пополни.