Connect with us

Кошарка

Кога Леброн Џејмс ќе се разигра, противниците се немоќни

ЛА Лејкерс го совлада Сакраменто со 99:97 во една од седумте пресметки во НБА лигата изминатата ноќ. Домаќините до триумф ги предводеше Леброн Џејмс, кој постигна 29 поени и 11 асистенции, а Ентони Дејвис постигна 17 поени.

Екипата на Бостон Селтикс го совлада Голден Стејт Вориорс со 105-100 во дуел од регуларниот дел на НБА.

Џејсон Тејтум со 24 поени беше најефикасен, додека Џејсон Браун и Кемба Вокер додадоа 22 и 20.

Алекс Буркс заврши со 20 поени за домаќините, додека Дрејмонд Грин, кој се врати по повредата заврши со 11 поени и 11 скока, но нивните напори се покажаа како крајно недоволни за трикратниот шампион во НБА.

Останати резултати:

Шарлот Хорнетс – Детроит Пистонс 109: 106
Орландо Меџик – Сан Антонио Спарс 111: 109
Хјустон Рокетс – Индијана Пејсерс 111: 102
Мемфис Гризлис – Јута џез 107: 106
Минесота Тимбервулвс – Вашингтон Визардс 116: 137
Оклахома Сити Тандер – Филаделфија 76-ерс 127:119 по продолжение
Л.А Лејкерс – Сакраменто Кингс 99:97.