Connect with us

Фудбал

Кога Меси губи контрола: Што гледаш бе глупак (ВИДЕО)

Аргентина преку пенали синоќа ја елимираше Холандија и се пласираше во полуфиналето каде закажа пресметка со Хрватска. Имаше искри на теренот со Холанѓаните, а Аргентинците не беа ниту задоволни од судењето. Додека даваше изјава за аргентинските медиуми, Меси се обрати кон некого: Што гледаш бе глупак!

Новинарот се обиде да го смири. Медиумите подоцна открија дека имало сцена во под трибинскиот простор на стадионот. Зборовите Меси ги упатил кон Холанѓанецот Воут Вегхорст, автор на двата гола кои го испратија натпреварот помеѓу Аргентина и Холандија во продолженија. Зошто, тоа засега не е познато.