Connect with us

Фудбал

Кога Рамос ќе дебитира за ПСЖ?

Серхио Рамос ќе треба да го почека своето деби за ПСЖ. Иако француските медиуми објавија дека искусниот дефанзивец може да го одигра првиот натпревар овој петок, во средата беше објавено дека не тренира со тимот и дека нема да се најде на списокот на тренерот Покетино.

Рамос пристигна на „Паркот на принцовите“ ова лето, но и по три месеци, не одигра ниту еден натпревар.

Француските медиуми објавија дека шпанскиот фудбалер би можел да игра против Анжи в петок, но веќе во средата објавија дека не тренира со тимот, и дека нема да му биде на располагање на тренерот Маурисио Покетино.

Како што се наведува, Рамос нема да биде подготвен за натпреварот против Лајпциг во Лигата на шампионите следната недела.

Од клубот не дадоа никакви информации за состојбата на искусниот фудбалер, ниту објавија кога може да го одигра првиот натпревар.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама