Connect with us

Фудбал

Кој чека ќе дочека: Гатузо пред Наполи одбил 18 понуди!

Џенаро Гатузо се врати на тренерската работа по отказот од Милан во мај 2019 година. Сега ќе биде на клупата на Наполи, а „Република“ открива дека можел многу порано да најде клуб.

Како што пишува овој италијански вестник, Гатузо одбил неверојатни 18 понуди од клубови. Најсериозната била од Валенсија, потоа московските тимови, Џенова, Сампдорија, Олимпијакос, Фиорентина, неколку клубови од Португалија, но и од Кина.

Сепак сите ги одбил, иако причините не се познати. Кога стигнала понудата од Наполи, веднаш ја прифатил.