Connect with us

Фудбал

Кој чека, тој ќе дочека: Барселона бесплатно носи интересно засилување?

Интересна вест доаѓа од Шпанија.

Угледниот Мундо Депортиво пишува дека Барселона би можела да добие големо засилување во летото 2023 година и тоа бесплатно.

Имено, на мета на Барселона е 31-годишниот дефанзивец на Атлетик Билбао Иниго Мартинез.

Договорот на споменатиот фудбалер со тимот од Баскија истекува во јуни 2023 година и тој ќе биде слободен фудбалер, кој Барселона сака да го искористи за нивната одбрана да стекне искуство.

Мартинез остана запаметен во шпанскиот фудбал затоа што го носеше дресот на двата најголемите баскиски ривали.

Кариерата ја започна во Реал Сосиедад каде играше до 2012 година, по што се пресели во Атлетик каде стана една од иконите на клубот. За шпанската репрезентација има забележано и 19 настапи и постигна еден гол.

Барселона веќе имаше желба да го доведе Мартинез ова лето, но тој не се вклопи во нивната финансиска структура.

Атлетик за својот играч бараше 30 милиони евра, кои Барселона не можеше да ги исполни, а сега тимот од Баскија може да остане без приходи, бидејќи Мартинез не сака да преговара за нов договор во 2023 година, поточно во летото 2023 година играчот ќе биде бесплатен .

Пред пет сезони беше на мета и на Ливерпул, а неговите игри ги следеше и Баерн Минхен.

Барселона веќе подготвува план за следното лето, а дали трансферот на Иниго Мартинез ќе дојде на место, останува да видиме.