Connect with us

Ракомет

Кој ќе може посилно од нашиот Талески?

По завршувањето на првата фаза од ЕП во ракомет, македонскиот ракометар Филип Талески се уште е на првото место на листата на ракометари со најсилен шут.

Со брзина од 141 километар на час, направен на мечот со Чешка, нашиот репрезентативец засега го има најбрзиот шут на овогодинешното Европско првенство во ракомет.

ЕХВ веќе неколку години ги применува овие стандарди за следење на статистики. Тие се регистрираат преку „паметната“ ракометна топка која во себе содржи таква технологија која ги запишува резултатите.