Други спортови
Која е мистериозната жена од ложата на Ѓоковиќ на Вимблдон?
Новак Ѓоковиќ го совлада Педро Качин со 3:0 во сетови (6:3, 6:3, 7:6) во првото коло на Вимблдон. По натпреварот многумина се интересираа која е мистериозната жена од ложата на Вимблдон која мечот го следеше во друштво на сопругата на Новак, Јелена. Објаснувањето дојде наскоро.
Српските медиуми објавија дека таа е дадилката на синот на Новак Стефан и ќерката Тара. Семејството Ѓоковиќ не сакале на било кого да ги доверат своите деца, па внимателно ги избирале апликациите кои дошле за таа позиција. Наводно клучни биле препораките од други работодавци, како и познавањето на јазикот.
На крајот успеале да пронајдат дадилка која ги има сите посакувани карактеристики, а со текот на времето дадилката станала вистински дел од семејството, па децата на Ѓоковиќ ја обожаваат. Таа беше снимена за прв пат на завршниот Мастерс во Торино, а сега пристигна и на Вимблдон, иако нејзиниот идентитет се уште не е познат.