Connect with us

Фудбал

Коларов: За мене лесна беше одлуката да ја прифатам понудата на Интер

Српскиот фудбалер Александар Коларов официјално потпиша едногодишен договор со Интер.

34-годишниот дефанзивец реши да ја напушти Рома по три години, а римскиот клуб заработи 1,5 милиони евра од неговата продажба. Коларов вчера официјално го потпиша договорот, и веднаш се приклучи на тренинзите на новиот тим.

Во изјава за „Интер ТВ“, тој призна дека претходно бил во контакт со Интер и дека конечно успеал да се приклучи на овој тим. Тој исто така додаде дека не размислувал долго за понудата на Интер, и дека веднаш решил да ја напушти Рома.

„Вистина е дека сум бил поврзуван со Интер и порано, но сега конечно дојдов. Ова беше лесна одлука за мене и не размислував долго кога добив понуда од Интер. Среќен сум што сум тука и очекувам нови предизвици“, рече Коларов и додаде:

„Сигурно е дека ја прифатив понудата поради Конте, бидејќи тој е навистина одличен тренер. Се надевам дека заедно ќе освоиме многу трофеи“.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com