Connect with us

Фудбал

Колку вреди целата македонска фудбалска лига?!

ФОТО ФК ВАРДАР

На светскиот фудбалски трансфер пазар се „вртат“ милиони. Клубовите ја пробија границата од една милијарда евра од својата вкупна вредност. Ако порано еден фудбалски гигант имаше буџет од 100 милиони евра, сега се трошат овие пари за само еден фудбалер.

Но, колку вредат нашите фудбалери, поточно колку вреди Првата македонска фудбалска лига?

ВРЕДНОСТ НА ТИМОВИТЕ СЕЗОНА 2019/2020

Според специјализираниот интернет портал за трансфери и вредноста на екипите и фудбалерите „Трансфермаркт“, 10-те клубови кои се натпреваруваат во ПМФЛ заедно вредат 34,2 милиони евра.

Според истиот портал, за сите овие клубови, настапуваат 237 фудбалери, а просечната старост е 24,6 години.

ВРЕДНОСТ НА ТИМОВИТЕ СЕЗОНА 2018/2019

ПМФЛ се наоѓа на 39 место по вредност во конкуренција на сите лиги од Европа. Според овој портал највредниот фудбалер кој настапува во нашата фудбалска лига е Агим Ибраими, проценет на 800 илјади евра. Клубот за кој настапува Ибраими, Шкендија од Тетово во моментов вреди најмногу според цената на фудбалерите, 8,1 милиони евра. На второто место е Академија Пандев со 4,4 милиони, Вардар е трет со 4,05 милиони. Споредбено со минатата сезона, Вардар сега вреди 2 милиони помалку.

Со 9,32 милијарди евра, на првото место е Премиер лигата, следува шпанската Примера со 6,18 милијарди, па Серие А со 5,31 милијарда.