Connect with us

Фудбал

Колку заработува Салах неделно?

Рами Абас Иса, агентот на Мохамед Салах, откри дека египетскиот фудбалер заработува дури 1,15 милиони евра неделно.

Во една студија на Харвард Бизнис школа, Абас Иса дал податоци за вкупните приходи на Салах, а не само за неговата плата во Ливерпул.

„Конзервативно проценуваме дека вкупната сума што Мохамед ќе ја заработува во следните неколку години ќе биде помеѓу 54 и 62 милиони евра годишно. Тоа би било околу 1,15 милиони евра неделно“, се вели во соопштението.

Лани Салах го продолжи договорот со Ливерпул до 2025. Новиот договор го направи најплатен играч на Ливерпул во историјата, а покрај платата од околу 24 милиони евра годишно, има и дополнителни приходи од спонзори како Адидас. PepsiCo, Gucci и египетската банка на Александрија.

Ова лето се појавија гласини за негова преселба во Саудиска Арабија. Се вели дека Ал Итихад му понудил на Ливерпул 200 милиони евра, а на Салах неделна плата од 3 милиони евра. Сепак, „црвените“ ги одбија сите понуди и Салах остана на „Енфилд“.