Connect with us

Други спортови

„Комити“ удрија по Перо Антиќ- македонски леб јаде, за Звезда да навива (ФОТО)

Вчера во салата „Борис Трајковски“ имаше вистински ракометен спектакл. Поранешни ракометни ѕвезди, против актуелниот состав на македонската репрезентација. Победија овие нови млади дечки со 25:21, но резултатот беше во втор план.
На трибините, покрај многу познати фаци, се појави и Перо Антиќ, поранешен македонски кошаркар, сега прв човек на Кошаркарската федерација.

Но, неговиот аутфит предизвика бурни реакции пред се кај навивчката група „Комити“. На нив не им се допадна тоа што Антиќ на овој меч дошол со дуксер од Црвена Звезда. Како што велат, можел да дојде во национален дрес на Македонија.

Коментарите на комити се „Дно“,  и “Македонски леб јаде, за да навива за звезда“.