Connect with us

Други спортови

Кон му одговара на Ѓоковиќ: Мајсторе, избегнувај одговори за вакцината

Епидемиологот Предраг Кон , член на експертскиот тим на Владата на Србија во борбата против вирусот, реагираше на ставот на Новак Ѓоковиќ , кој рече дека е против вакцинирање.

„Како еден од најлојалните поддржувачи на Ѓоковиќ, посакувам да имав можност да го приближам до важноста и огромниот придонес на имунизациите за здравјето на населението. Сега е предоцна, тој создаде заблуди и тука нема повеќе помош. Мајсторе, ви посакувам се најдобро. Обидете се да избегнете директни одговори на прашањето за вакцинирање во иднина, затоа што имате огромно влијание“ – објави Кон на својот Фејсбук профил.

Ѓоковиќ вчера, додека одеше во живо на „Facebook“ со српските спортисти, истакна дека вакцинацијата не е задолжителна.