Connect with us

Фудбал

Конечно, Британската влада донесе одлука, познато е кога може да се „рестартира“ Премиерлигата

Британската влада, во рамките од олабавувањето на рестриктивните мерки донесени поради коронавирусот, усови одлука дека фудбалот може да продолжи на 1 јуни.

Тоа значи дека веќе од првиот ден од месец јуни, Премиерлигата може да продолжи, што секако е одлична вест за навивачите. Сите 20 клубови од Премиерлигата веќе активно учествуваат во проектот „Рестарт“ со кој се планира продолжение на првенството, а сега добија дозвола и од владата.

Се разбира, мечевите ќе се играат пред празни трибини, според строго пропишани мерки.