Connect with us

Фудбал

Конечно е крај: Герет Бејл ќе има нов клуб

Според шпанските медиуми, Герет Бејл сака да замине од Реал Мадрид, а тоа ќе се случи во зимскиот преоден рок и тоа онаму каде што требаше да заврши во летниот преоден рок.

Имено, Бејл му наложил на својот агент Џонатан Барнет да му среди трансфер во Кина. Велшанецот ќе ја прифати понудата на Шангај Шенхуа, која изнесува околу 30 милиони долари по сезона.

Бејл е во лоши односи со тренерот Зинедин Зидан и тоа е најголемата причина поради која сака да замине. Договорот на Велшанецот со кинескиот тим би требало да биде на три години.

Сумата која Кинезите ќе ја уплатат на Реал Мадрид засега не е позната.