Фудбал
Конечно, „падна“ договор во Шпанија, 24/7 фудбал во шпанската Ла Лига
Најугледните шпански медиуми пишуваат дека Фудбалската федерација и претставниците на Ла Лига постигнале договор за начинот на комплетирање на оваа сезона. Спорд информациите на медиумите, секоја недела ќе има по две кола, за да се запазат роковите, а тоа значи дека секој ден ќе има по еден меч од шпанската Ла Лига.
Она што е поставено како ограничување е 72 часовна пауза помеѓу два меча за еден фудбалски тим. Планот е сезоната да се рестартира на 12 јуни, или една недела подоцна, бидејќи шампионот треба да биде познат до крајот на јули, според препораките и насоките на УЕФА.