Други спортови
Конор Мек Грегор обвинет дека силувал жена за време на финалето на НБА
Ирскиот ММА борец Конор Мек Грегор неодамна беше во Мајами, каде го следеше финалето на НБА помеѓу Мајами Хит и Денвер Нагетс. Американскиот медиум ТМЗ сега објави дека Мек Грегор бил обвинет дека во таа прилика силувал жена непозната за јавноста.
ТМЗ тврди дека Мек Грегор, наводно, со помош на обезбедувањето во Центарот Кејси, каде Мајами Хит играат домашни натпревари, ја разделил жената од нејзината пријателка и дека заедно ја турнале во машкиот тоалет. Обезбедувањето наводно не и дозволило да излезе, а не и дозволиле на други луѓе да влезат во тоалетот додека Мек Грегор ја малтретирал.
По извесно време жената успеала да се ослободи и да побегне, а потоа ММА ѕвездата ја пријавила во полиција. Мек Грегор претходно беше обвинет за истото дело во Ирска, кога една жена тврдеше дека ја силувал во Даблин во 2018 година.