Connect with us

Тајмаут

Конте, фудбалерите, тренинзите и сексот

Антонио Конте на почетокот на сезоната седна на клупата на Интер и засега добро му оди. Се наоѓа на второто место во Серие А, со еден бод помалку зад лидерот Јувентус. Тој е познат по своите методи на работа, како голем мотиватор, но и тренер кој бара многу трчање и енергија во текот на целиот натпревар.

На сите мечеви постојано скока на аут-линијата и дели совети. Сепак, покрај тоа што им кажува на фудбалерите што да прават на теренот, откри и дека им кажува што да прават во креветот.

-За време на сезоната на играчите им советувам сексуалните односи да бидат пократки, со минимален напор и подобро да ги користат позите на кои тие се под своите партнерки. Пожелно е партнерките да бидат нивните сопруги бидејќи бара дополнителна енергија доколку станува збор за други девојки , вели Конте, а пренесуваат италијанските медиуми.