Connect with us

Фудбал

Конте ќе го напушти Челзи поради семејството

Менаџерот на Челзи, Антонио Конте, сигурно ќе го напушти клубот по завршување на сезоната, објавија англиските медиуми. Најновите информации се дека причината за претстојната разделба ќе биде фактот дека семејството на Италијанецот не се чувствува добро во Лондон.

Сопругата и ќерката на Конте му се придружиле летото. Тие беа сместени во Кобам, во близина на тренинг-базата на клубот. Двете, сепак не се чувствуваат удобно и јасно му покажале на Антонио дека не сакаат да останат таму долго.

Се чини дека и Конте не се чувствува особено добро во Челзи, иако тој го предводеше тимот до титулата во првата сезона на „Стемфорд Бриџ“.

Неубедливите резултати на „сините“ од почетокот на сезоната, исто така, не одат во прилог на негово останување во Лондон. Разделбата со Челзи уште повеќе е веројатна ако се знае големиот интерес што за италијанскиот стручњак го покажуваат ПСЖ и Милан.