Connect with us

Фудбал

Конте повторно пазари во Премиер лигата, Мурињо ќе збесне

Во јануари во Милано пристигна Кристијан Ериксен за околу 20 милиони евра, мала сума со оглед на тоа дека во јуни му истекуваше договорот со Тотенхем.

Па така Жозе Мурињо остана без еден од клучните играчи. Мурињо имаше три цели кога доаѓаше во Тотенхем, кога станува збор за играчкиот кадар. Првата беше да го задржи Алдервејрелд, што успеа во тоа, втората беше Ериксен, не успеа, а се чини дека нема да успее ниту во третата цел.

Договорот на Јан Вертонген му истекува во јуни, односно на крајот од сезоната. Засега не може ниту Португалецот да го убеди да го продолжи договорот и да остане во Лондон. Според голем број на италијански и англиски медиуми, тој веќе почнал преговори со Интер, бидејќи е голема желба на Антонио Конте.

Доколку дојде Вертонген во Милано, тоа значи дека еден од тројцата дефанзивци Годин, Де Фрај и Шкриниар ќе замине. За последните двајца има голем интерес, но со кого Интер ќе се раздели останува да се види.